Претходна статија
Нискоемисионите стакла на Guardian со кои е застаклена највисоката зграда на светот Burj Khalifa, можат да се купат и во Mакедонија
Следна статија
„НаТочак“ ќе вози за велосипедски патеки без автомобили

10,6 милиони денари за реконструкција на улицата „Втора Македонска бригада“ во Чаир

Објавено на 26.04.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Гостиварската фирма „Пелагонија АД“ ќе ја изведува реконструкцијата на улицата „Втора Македонска бригада“ во скопската населба Чаир. Градската администрација веќе го потпиша договорот за реализација на проектот, со што се создадени услови во наредниот период да започнат градежните работи. Станува збор за траса во должина од 1.300 метри, на потегот од раскрсницата со улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ до кружниот тек со улицата „Лазо Трповски“. Оваа значајна сообраќајница во Чаир не е реконструирана со децении наназад и во моментов се наоѓа во лоша кондициона состојба.

 

За градежниот зафат ќе се потрошат 10,6 милиони денари од Буџетот на град Скопје. Реконструкцијата на улицата „Втора Македонска бригада“ треба да заврши најдоцна за шест месеци, колку што е и времетраењето на потпишаниот договор со изведувачот на работите. Тендерот за реализација на овој проект беше распишан во февруари годинава.