Претходна статија
1,7 милиони евра за изградба на инфраструктура во индустриските зони во Ранковце, Виница и Берово
Следна статија
Проектот за пругата кон Албанија ќе биде готов во 2016 година

1.000 нови паркинг места за новите згради во Горно Лисиче

Објавено на 10.10.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Скопскиот градоначалник Коце Трајановски и градоначалникот на општина Аеродром Ивица Конески денеска ја пуштија во употреба комплетираната инфраструктура во рамките на новата населба во Горно Лисиче, која се протега покрај булеварот Февруарски поход. „Во овој дел од Ново Лисиче изградивме околу 2 километра атмосферска и околу 2 километра фекална канализација, како и 1,5 километри водоводна мрежа. Асфалтирана е улицата паралелна со булеварот Февруарски поход на вкупна површина од околу 20.000 метри квадратни, формирани се тротоари и изградени се паркиралишта со околу 1.000 нови паркинг места. Поставено е и ново осветлување, со стотина сијалични места. За овој обемен проект општината Аеродром издвои околу 120 милиони денари од својот буџет“ изјави градоначалникот Конески.

 

* Извор на фотографија: Град Скопје

 

 

Покрај инвестицијата на Општината, во проектот ќе се вклучи и Градот Скопје преку хортикултурно уредување на просторот. Во наредниот период ќе се засади ново зеленило на површина од 13.197 метри квадратни, со хидратантска мрежа во должина од 780 метри. На терен ќе работат екипите на Ј.П. „Паркови и зеленило“ кои треба да завршат во рок од еден месец, а ќе се потрошат околу 4,8 милиони денари.