Претходна статија
Ќе се изработи студија за Дебар Маало како нематеријално културно наследство
Следна статија
Започна изградбата на новото училиште „Димитар Македонски“ во Лисиче

Жителите на Карпош дадоа поддршка за обнова на салата „Партизан“

Објавено на 28.07.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Жителите на Општина Карпош вчера излегоа пред спортската сала „Партизан“ во населбата Карпош 3 за да дадат поддршка за повторно ставање во функција на овој објект. Голем број на граѓани во текот на денот се потпишуваа на петицијата за повторно ставање во функција на спортската сала „Наум Наумовски – Борче“. По вчерашниот собир „Нека победи Партизан“, на Интернет е отворена он-лајн петиција за собирање потписи преку кои би се искажала волјата на граѓаните за обнова на објектот.

 

*Извор на фотографии: Анте Попоски

 

Поддршка на идејата за повторно ставање во функција на спортската сала „Партизан“ дојде и од други субјекти. „Здружението на спортски ветерани на Град Скопје целосно ја подржува иницијативата на Анте Попоски и граѓаните на Карпош за реактивирањето на Друштвото „Партизан“ I, „Наум Наумовски-Борче“ – „Карпош 3“ од Скопје, спортската сала да се реновира, тоа е сала симбол на спортот и солидарноста на францускиот народ, тоа е солидарен и хуман споменик за скопјани и Република Македонија“ се наведува во писмото на Здружението на спортски ветерани на Град Скопје.

 

Спортската сала „Партизан“ не функционира повеќе од 10 години. Внатрешноста на објектот е руинирана и е лесна мета за натамошно уништување од вандали. Спортскиот објект е изграден по скопскиот земјотрес како донација на француската влада за разрушениот град.