Претходна статија
ФОТО ВЕСТ: Илуминација на Скопско кале
Следна статија
Државата ќе продава земјиште за стопански објекти и за хотели по почетна цена од едно евро за квадрат

Започна изградбата на „Светиклиментовиот универзитет“ на Плаошник

Објавено на 08.09.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Денеска во Охрид беше означен почетокот на изградба на „Свети Климентовиот универзитет“ преку кој треба да се возобнови еден од најстарите универзитети на Балканот и во Европа.


Проектното решение предвидува изградба на повеќенаменски комплекс кој ќе вклучува универзитети и школи меѓу кои ќе бидат „Институтот за хуманистички науки“, „Свети Климентовата конзерваторска школа“, „Богословскиот факултет“ а простор ќе има и за оддели на повеќе светски престижни универзитети. Освен овие содржини комплексот ќе вклучува и „Галерија на икони“, „Музеј на словенската писменост“, „Музеј на Плаошник“ и „Свети Климентова библиотека“. Боровата шума на локалитетот пак е предвидено да се претвори во градина по светски стандарди која ќе се вика „Свети Климентова градина“.


Изградбата на карабината е предвидено да се одвива до крајот на 2012 година а објектот би требало да биде предаден во функција до 2014 година.



Форумска дискусија за овој проект » овде