Претходна статија
МСУ домаќин на изложба за бруталистичкото архитектонско наследство на Скопје
Следна статија
Нова фабрика ќе се гради во „Бунарџик“

Започна изградбата на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка

Објавено на 22.06.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Премиерот Зоран Заев, придружуван од неколку владини министри, денеска го означи стартот на градежните работи за изградба на експресниот пат од Ранковце до Крива Паланка. Станува збор за делница со должина од 23 километри, која што е дел од патниот Коридор 8 и обезбедува ново патно поврзување со соседна Бугарија. „Со изградба на овој пат на којшто сме денеска, од Ранковце до Крива Паланка и понатаму до граничниот премин Деве Баир, сакам да потенцирам дека ја комплетираме изградбата на Коридорот 8“ изјави премиерот.

 

*Извор на фотографии: Влада на Р.М.

 

За овој капитален проект е подигнат кредит во висина од 58,1 милион евра од Светската банка. Експресниот пат  Ранковце – Крива Паланка ќе има ширина од 12,5 метри и ќе се состои од две коловозни ленти и две помошни ленти за застанување. Градежните работи ќе ги изведуваат три градежни компании, и тоа делницата од Ранковце до Длабочица ќе ја гради италијанската фирма „Tirrena Scavi“, додека вториот дел од Длабочица до Крива Паланка ќе го гради македонски конзорциум од компаниите „Бетон“ и „Гранит“ од Скопје. Рокот за завршување на изведбата е три години.

 

 

Покрај изградбата на овој експресен пат, со средства од ЕБОР во висина од 12 милиони евра ќе се реконструира и надгради патот од Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир. Станува збор за доградба на дополнителна коловозна лента, која што ќе започне да се реализира на почетокот од 2019 година. Во наредниот период ќе биде целосно реконструирана и постојната делница од Куманово до Ранковце.