Општина Кавадарци планира да ја реализира втората фаза од проектот за реконструкција и проширување на Западниот булевар, односно влезот во градот од правец на Росоман. Предвидено е проширување на коловозот кој ќе добие 4 ленти, како и изведба на тротоари од двете страни на оваа сообраќајница. Тендерот за избор на изведувач е објавен денеска и ќе биде отворен до 27 јуни. Проектот треба да биде завршен во рок од 12 месеци, а проценките се дека инвестицијата ќе биде во висина од околу 15 милиони денари (240 илјади евра).
Западниот булевар е една од најзначајните сообраќајници во Кавадарци. Пред две години беше реализирана првата фаза од неговата реконструкција и проширување, која опфати околу 400 метри. Оваа фаза од проектот ја чинеше општинската каса 17 милиони денари.