Претходна статија
Целосно обновена и конзервирана црквата „Св. Пророк Илија“ во Дојран
Следна статија
ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од изградбата на охридска марина и нов пат Охрид - Пештани

Од Кина ќе набавиме четири електрични локомотиви

Објавено на 10.01.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Заедно со новите моторни гарнитури што се веќе во сообраќај, Македонија постанува првата европска земја што купи и електрични локомотиви од Кина. Директорот на Македонски железници-Транспорт Никола Костов денеска го потпиша договорот со кинеската компанија ЦРРЦ Џуџоу за набавка на четири електрични локомотиви преку подигнатиот кредит од Европската банка за обнова и развој во вредност од 8 милиони евра. Кинезите доставиле најповолна понуда за овие превозни средства на меѓународниот тендер што беше распишан во текот на 2016 година.

 

Технички податоци за новите електрични локомотиви денеска не презентирани. Претседателот на кинеската фирма ЦРРЦ Џуџоу Џо Шин Ха спомена дека во новиот возен парк ќе имаме безбедни производи со врвни перформанси и прекрасен изглед на локомотивите. Токму од оваа кинеска компанија беа набавени и шесте моторни гарнитури за патничкиот сообраќај, од кои веќе четири сообраќаат по македонските пруги. Од Македонски железници се задоволни од спроведениот тендер, поаѓајќи од фактот дека со идентичната сума на средства ќе се купат четири наместо првично предвидените три електрични локомотиви. Рокот за доставување на новиот возен парк е крајот на 2017 година.

 

Заедно со новиот возен парк, од Кина ќе треба да допатуваат и стручни лица кои ќе помогнат во првичното обучување и сервис на локомотивите. Реконструкцијата на депото „Лисиче“ во Скопје е при крај, со што ќе се создадат и услови за непречено одржување на целокупниот возен парк. Од МЖ-Транспорт очекуваат дека новите локомотиви ќе овозможат поголема брзина на движење на возовите, енергетска заштеда и поефикасно работење.