Претходна статија
Досега се завршени 75% од работите на автопатот Миладиновци - Штип
Следна статија
Изградбата на Конгресен центар во Охрид ќе чека подобри времиња

Во четврток протест за зачувување на зеленилото и чистиот воздух во Скопје

Објавено на 18.09.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Загадувањето на воздухот во главниот град и континуираното уништување на зеленилото ги предизвика еколозите и граѓаните да организираат протестен собир на 21 септември во Скопје. Тринаесет еколошки и граѓански организации во четврток ќе организираат марш за чист воздух, што ќе започне од пред седиштето на македонската влада. Од невладиниот сектор ги повикуваат граѓаните да им се приклучат на протестниот собир, се со цел да се испрати јасна порака до политичарите дека прекумерното загадување на воздухот е сериозна тема за решавање. Овие организации неодамна подготвија листа на барања до новата влада, која што покрива значајни проблеми што ќе треба допрва да се санираат.

 

*Згради или зеленило на Кејот на Вардар во Карпош 3?

 

Протестниот марш од пред владата ќе се движи преку булеварот Илинден кон населбата Карпош 3 за поддршка на барањата од граѓаните испратени до Општина Карпош. Граѓанските иницијативи „Ние сме Карпош 4“, „Стоп за загадувањето“, „Воздух сега!“ и „Карпош 3“ ќе организираат протест со кој ќе побараат зачувување на зелениот појас по должината на реката Вардар во оваа населба. Тие ќе поднесат и петиција до општинските власти, со која се планира стопирање на плановите за изградба на станбени згради и други објекти во овој дел од Карпош 3.