Претходна статија
Владата еднострано го раскинува договорот за изградба на рудникот „Казандол“
Следна статија
Започна проектот за заштита на Маркови Кули - споменик на културата

Велешките населби Превалец и Оризари ќе добијат реконструиран водовод

Објавено на 28.03.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Велешката фирма „Изгрев Инжењеринг“ е избрана за изведувач на реконструкцијата на водоводната линија за населбите Превалец и Оризари во општина Велес. Министерството за транспорт и врски обезбеди над 13,6 милиони денари за финансирање на овој инфраструктурен зафат. Со проектот ќе се изгради водоводна линија во должина од 1.838 метри, со што овие две населби ќе се поврзат со градската водоводна мрежа на Велес. Со неговата реализација во целост ќе се реши проблемот со недостиг на вода во текот на летните месеци.

 

Според објавените информации на веб – страницата на Бирото за јавни набавки, реконструкцијата на водоводната линија за населбите Превалец и Оризари ќе се заврши во рок од 5 месеци. Тендерот за реализација на инфраструктурниот проект беше објавен кон крајот на декември 2017 година.