Претходна статија
Општина Битола ќе даде дел од парите за реконструкција на Офицерски дом
Следна статија
„Санос“ повторно произведува автобуси

Се уредува коритото на Липковска Река во Куманово

Објавено на 18.07.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Во Куманово вчера започна уредувањето на коритото на Липковска Река. Проектот ќе се реализира етапно, а во првата фаза ќе се изврши уредување на коритото во должина од 400 метри. Главната цел на овој проект е да се спречи ризикот од поплави во кумановските населби кои гравитираат околу оваа река. Во наредниот период, со помош на УНДП, Владата на Јапонија, Министерството за животна средина и просторно планирање и општина Куманово ќе се обезбедат финансиски средства за уредување на целото корито на Липковска Река во должина од 1,8 километри.

 

*Извор на фотографија: Општина Куманово

 

За првата фаза веќе се обезбедени потребните финансиски средства во висина од 800.000 евра. Дел од средствата од околу 200.000 евра се алоцирани од надлежното министерство. Проектот треба да се комплетира до крајот на октомври годинава, а изведувач на градежните работи е фирмата „Стентон градба“ од Битола.