Денес во Министерството за транспорт и врски согласно распишаната објава од минатиот месец, се одржа јавно наддавање за отуѓување на државно градежно земјиште во Општина Аеродром, наменето за изградба на хотел. За најповолен понудувач е избрана компанијата „Стоун Бриџ Хотел“ ДОО Скопје, која за парцелата со површина од 5.175 метри квадратни понуди вкупно 33.637.500 денари. Според деталниот урбанистички план, максималната површина за градба изнесува 3.305 метри квадратни, а објектот може да има најмногу приземје и 5 ката и максимална висина до венец до 20 метри. Неодамна фирмата „Манд интернационал“ во непосредна близина на локацијата за хотел купи две парцели, наменети за изградба на аква парк и повеќенаменска спортска сала.