Претходна статија
„Коп-инженеринг“ ќе го реконструира водоводот во Виница
Следна статија
Првата приватна ветерна електрана ќе се гради во Свети Николе

Повик за субвенционирање на нови гасоводни приклучоци во Куманово

Објавено на 29.01.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Општина Куманово објави јавен повик за субвенционирање на граѓаните за приклучување на нивните домови на гасоводната мрежа. Од локалниот буџет се обезбедени 1.000.000 денари за надоместување на дел од трошоците за приклучоците, а очекувањата се дека природниот гас со оваа мерка на општината ќе пристигне до 100 домаќинства во текот на 2018 година. Локалната самоуправа овозможува надоместок во висина од 10.000 денари по приклучок од домаќинство.

 

 

Право на учество на јавниот повик имаат сите граѓани кои склучиле договор за приклучување на гасоводната мрежа и доставиле барање за субвенција до општинските власти. Граѓаните ќе можат да ја искористат оваа поволност до исцрпувањето на буџетот за оваа намена, но не подоцна од 30 ноември. Можноста за поврат на дел од средствата за приклучување на гасоводната мрежа се однесува за оние кумановски домаќинства што не оствариле приклучок во изминатиов период, но и не користеле друга субвенција за истата намена од друг извор во земјава.

 

Моменталната цена за домаќинствата за приклучување на гасоводната мрежа во Куманово е 800 евра. Со овозможената субвенција од општина Куманово таа би се намалила на 650 евра. ЈП „Куманово-гас“ во текот на 2018 година ќе работи на дополнителна гасификација на 13 кумановски улици, со што природниот гас ќе пристигне до домовите на нови жители од овој град.