Претходна статија
Започна изградбата на спомен паркот на Никола Карев во Свиланово
Следна статија
Цената на становите во Скопје непрекинато опаѓа пет квартали по ред

Општина Центар ќе гради монтажен паркинг во населбата Дебар Маало

Објавено на 23.08.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

За решавање на проблемот со паркирање во скопската населба Дебар Маало ќе се гради нов монтажен паркинг. Општина Центар планира да го изгради овој инфраструктурен објект на празниот простор помеѓу општинските бараки и зградата на Министерството за одбрана. Паркингот ќе има капацитет да прими од 270 до 290 возила, а пристапот до него ќе биде решен со влез и излез од улицата „Орце Николов“. Локалните власти сметаат дека ова би бил првичен чекор кон пренасочување на паркирањето и ослободување на тротоарите од оваа населба. Монтажниот паркинг ќе го ублажи проблемот со паркирање за посетителите на Боемската улица, но и на државните институции и општинските власти кои функционираат во околните објекти.

Од Општина Центар го поздравија вчерашниот протест на дел од жителите на Дебар Маало, каде што се побара ослободување на тротоарите од возила во оваа населба. Локалните власти велат дека ќе се изработи студија за мерење на сообраќајот и проекција за потребниот паркинг простор за станарите од оваа населба. По ваквиот чекор, од општината ќе се одлучат за тоа дали ќе се постават заштитни столпчиња на сите улици, со што населбата Дебар Маало би постанала пешачка зона.

 

Општина Центар пред една година го изгради првиот монтажен паркинг позади трговскиот центар „Буњаковец“. Со овој проект се обезбедија 104 места за паркирање на возила, а општинските власти говореа и за изградба на дополнителен монтажен паркинг кај Градежниот факултет.