Претходна статија
ЕЛЕМ ќе инвестира 10 милиони евра во скијачкиот центар на Пелистер
Следна статија
Бројот на места за паркирање во земјава лани зголемен за 9,5%

Во Валандово нема да има референдум за рудникот за бакар во Казандол

Објавено на 27.04.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Советот на општина Валандово денеска ја отфрли иницијативата за одржување на референдум за идниот рудник за бакар во Казандол. Со 7 гласови „ЗА“ од опозициската партија СДСМ и 8 воздржани гласови од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, не беше изгласано барањето на граѓанската иницијатива „Спас за Валандово“. Советниците и градоначалникот посочија дека експертската јавност треба да биде најпрво консултирана, а потоа да се размислува за други чекори.

 

„Референдум сега не, зошто рековте дека на еколошкиот елаборат не биле присутни доволно луѓе од општина Валандово, не треба да собирате потписи, граѓаните треба да ги слушнат експертите“ изјави градоначалникот Николче Чурлиновски. Опозициските советници на СДСМ незадоволни од гласањето ја напуштија седницата. Граѓанската иницијатива „Спас за Валандово“ вчера одржа мирен собир, најавувајќи дека како алтернативна мерка ќе организираат собирање на потписи за организирање референдум.