Претходна статија
Владата обезбеди 270 милиони евра за патната инфраструктура
Следна статија
Новиот пат до Сончев град и Сопиште ќе биде пуштен во употреба до крајот на јуни

Наскоро нов конкурс за идејно решение за Универзитетскиот клинички центар во Бардовци

Објавено на 28.03.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Архитектонскиот факултет при УКИМ ќе биде задолжен за да формира стручна комисија и да го спроведе јавниот конкурс за избор на идејно решение по кое ќе се гради новиот Универзитетски клинички центар во близина на населбата Бардовци. Изработката на проектната документација ќе мора да се почне одново, но од извршната власт се обидуваат да ја забрзаат целокупната постапка.

 

 

„На вчерашната седница Владата на Република Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за започнување на Проектот за изградба на комплекс Универзитетски клинички центар на локација во општина Карпош. Владата го задолжи Министерството за транспорт и врски, соодветните институции и општина Карпош да извршат измени во урбанистичките, катастарските и други планско урбанистичко – проектни документи за 2018 година“ се наведува во соопштението на македонската влада.

 

Ваквиот исчекор доаѓа по одлуката на македонската влада да ја стопира изградбата на Клиничкиот центар на старата локација во подножјето на Водно. Покрај овој чекор, извршната власт на почетокот од март одлучи да го гради најзначајниот здравствен комплекс во близина на Бардовци. Неговата реализација би чинела 420 милиони евра, за што допрва ќе се бараат финансиски средства. Во меѓувреме, Министерството за здравство во моментов преговара за да го избегне плаќањето на пенали кон Банката при Советот на Европа во висина од 5,5 милиони евра.