Претходна статија
Новиот скопски градоначалник ја сопре изградбата на 95 барокни фасади
Следна статија
BH Architects победници на архитектонскиот Конкурс за новиот универзитески кампус во Скопје

Македонските автопати наскоро ќе добијат брани за заштита од бучава

Објавено на 04.11.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Неколку години по нивната задолжителна изведба на автопатите во Европската унија, во нашата земја конечно се презеде мерка за изведба на звучни брани на главните патни правци на Коридорите 8 и 10. Јавното претпријатие за државни патишта денеска го објави тендерот за изработка на проектна документација за заштита од бучава на автопатските делници во земјава. Идниот проектант ќе има рок од четири месеци по потпишувањето на договорот за да ја изготви неопходната документација. Проценетата вредност на тендерот изнесува околу 2,4 милиони денари. Заинтересираните субјекти имаат рок до 27 ноември за да ги достават своите понуди до јавното претпријатие.

 

 

Големата бучава од патиштата е горлив проблем што долги години наназад не е решен во Македонија. Модерни звучни бариери во моментов се поставени единствено на Скопската обиколница, но не и на другите автопати. Истражувањата од европските земји покажуваат дека возилата на патиштата создаваат просечна бучава од 80 децибели, што може да влијае штетно по здравјето на граѓаните кои живеат непосредно до патиштата. Како последица на ова, на сите пофреквентни патишта во европските земји во последните неколку години се поставуваат звучни брани крај патот.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk