Претходна статија
Повик до македонските архитекти за учество на „Share Tirana 2018“
Следна статија
Експресниот пат Штип - Радовиш ќе го гради австриски „Штрабаг“

Конкурс на Град Скопје за дизајнирање на урбана опрема

Објавено на 13.02.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов денеска информираше дека во текот на наредните денови ќе биде распишан Конкурс за избор на идејно решение за дизајн на урбана опрема (клупи, корпи за отпадоци и заштитни столпчиња за зеленило). Презентацијата на конкурсот се одржа пред студентите на Архитектонскиот факултет при УКИМ, во присуство на деканот Огнен Марина. Идната урбана опрема ќе биде поставена на јавните простори во главниот град, и тоа пред училиштата, студентските домови, факултетите, плоштадите, како и на булевари, магистрални и собирни улици што се во надлежност на Град Скопје.

 

*Извор на фотографија: Град Скопје

 

„Сакам да потенцирам дека претстојниот конкурс ги отвора можностите и за искусните и за почетниците, за возрасните и за младите, за сите чинители коишто можат, умеат и сакаат да придонесат да живееме во инспиративно и креативно заедничко Скопје“ изјави градоначалникот Петре Шилегов. Повикот до заинтересираните архитекти ќе биде јавно објавен, а конкурсните трудови ќе можат да се поднесуваат во рок од 30 дена. Првата награда на архитектонскиот конкурс е во вредност од 300 евра, а втората награда е во висина од 150 евра.