Претходна статија
Намалена каматата за кредитите од проектот „Купи куќа, купи стан“
Следна статија
Неокласичниот објект на македонската влада ќе добие и тераси

Ќе се врати некогашниот сјај на Паркот на поезијата во Струга

Објавено на 25.06.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Директорката на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“, Слободанка Попоска најави реконструкција на познатиот Парк на поезијата во центарот на Струга. Планирано е да се уредат фонтаните во паркот, да се постават клупи за неговите посетители, но и да се редизајнираат спомен – плочите на поетите лауреати на Меѓународниот фестивал „Струшки вечери на поезијата“. Со зафатот ќе се обнови објектот каде што е сместен резервоарот за нафта на библиотеката, при што ќе се изградат две полукружни платформи на отворено за одржување на културни настани. Ваквиот предлог на оваа струшка установа ќе биде разгледан на наредната седница на струшкиот општински совет, а целокупниот зафат е зацртано да се оствари со финансиска помош од македонската влада. Ако се одвојат доволно средства, во иднина ќе се уредат и пешачките патеки во Паркот на поезијата.

 

Овој прекрасен јавен простор во срцето на Струга во моментов не заличува на место на кое трага оставиле најпознатите светски писатели. Ниту едно спомен – обележје на писателите што засадиле дрвце во Паркот на поезијата во моментов не е на своето место, понекогаш се кршат и веќе засадените дрвја, а дел од спомен – бистите на познатите книжевници редовно се уништуваат од локалните вандали.