Општина Аеродром спроведува тендер за доградба на објектот „Буба Мара“ на детската градинка „Буба Мара“ во скопската населба Ново Лисиче. Проектот предвидува објект со приземје и еден кат, со вкупна површина од околу 1.200 метри квадратни и капацитет да згрижи повеќе од 250 дечиња. Во рамки на приземјето се предвидени четири занимални за деца на возраст од 2 до 4 години. На катот, пак, ќе бидат изградени четири занимални. Доградбата ќе има и сопствени санитарни јазли и кујни, како и канцеларии и гардероби.
Објектот е предвидено да ги задоволи законските мерки за енергетска ефикасност и да биде изграден од еколошки прифатливи материјали. Проценката на општината е дека инвестицијата ќе биде во висина од околу 45 милиони денари.