Претходна статија
Град Скопје ќе гради и реконструира две нови велосипедски рути
Следна статија
Владата еднострано го раскинува договорот за изградба на рудникот „Казандол“

Ќе се изготвуваат проекти за нов булевар „Хрватска“ и продолжување на „Љубљанска“ кон Злокуќани

Објавено на 27.03.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Градот Скопје денеска распиша два одвоени тендери за изработка на значајна проектна документација за нови сообраќајници, со кои би се извела паралелна транзитна рута на скопската обиколница од општина Гази Баба до општина Карпош. Ќе се изготвува инфраструктурен проект, основен градежен проект и сообраќаен проект за булеварот „Хрватска“, на потегот од булеварот „Босна и Херцеговина“ во Чаир до булеварот „Александар Македонски“ во Автокоманда, вклучувајќи ја и новопланираната собирна улица 3. Подготовката на проектната документација е проценето дека ќе чини околу 7,4 милиони денари, а заинтересираните фирми ќе имаат рок до 17 април за да ги достават своите понуди до Град Скопје.

 

Со вториот тендер се предвидува изработка на инфраструктурен проект, основен градежен проект и сообраќаен проект за продолжување на улицата „Љубљанска“ од крстосницата со булевар „Илинден“, со мост преку реката Вардар, во правец кон Злокуќани, и поврзување со булевар „Словенија“. За изготвување на оваа документација би се издвоиле околу 4,2 милиони денари од буџетот на Град Скопје. Проектантските бироа имаат рок до 16 април за да ги поднесат понудите за учество во тендерската постапка.