Претходна статија
Кавадарци ќе гради монтажна гаража за решавање на проблемот со паркирање
Следна статија
Велес ќе ја разгледа можноста за пронаоѓање приватен партнер за Градскиот базен и Офицерскиот дом

Изработен проектот за зазеленување на покривот на ГТЦ

Објавено на 19.02.2019 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Град Скопје и УНДП ја завршија изработката на проектот за зазеленување на покривот на Градскиот трговски центар (ГТЦ). Скопскиот градоначалник Петре Шилегов, градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ и Нарине Сахакјан, постојан претставник на Програмата за развој на Обединетите нации денеска го претставија проектот „Зелен покрив на ГТЦ“, финансиран од Град Скопје и имплементиран со поддршка на УНДП.

 

*Извор на фотографии: Град Скопје

 

„Постојниот покрив кој сега е речиси неискористен ќе стане атрактивен простор со зелена површина за одмор, рекреација и културно-забавен живот“, изјави градоначалникот Петре Шилегов. Идниот зелен покрив на ГТЦ ќе зафаќа површина од 1.800 метри квадратни, на кои ќе бидат засадени 29 висококвалитетни дрвја и повеќе од 30 други видови садници. Ќе бидат поставени неколку водени зони во форма на фонтани и базени, монтажна бина, партерно шаховско поле, кафе-бар, како и модерна урбана опрема од клупи, корпи за отпадоци и паркинзи за велосипеди.

 

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов очекува дека со зазеленувањето на покривот на ГТЦ да се надомести дел од загубеното зеленило во центарот на Скопје. Реализацијата на овој проект би значела намалување на температурата во централното градско подрачје преку намалување на ефектот на урбаните топлински мостови, подобрување на квалитетот на воздухот и управување со врнежите.