Претходна статија
Засадено дрво на човекови права на местото на споменикот на Ќосето
Следна статија
Охрид со физибилити студија се подготвува за изградба на откупно дистрибутен центар

И Неготино ќе воведе зонско паркирање

Објавено на 10.05.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Општина Неготино деновиве објави оглас за пронаоѓање консултант што ќе ја изработи физибилити студијата за зонско паркирање во градот. Изготвувањето на овој документ ќе покаже кој од трите алтернативи е најсоодветен за реализација на зонското паркирање – избор на приватен партнер, формирање на ново јавно претпријатие или делегирана надлежност на ЈП Комуналец од Неготино. Општинскиот совет во февруари годинава ја усвои одлуката за започнување на постапката за воведување на зонско паркирање во градот. Основниот сообраќаен проект за зонско паркирање во Неготино беше подготвен во септември 2016 година.

 

 

Во согласност со изготвената документација, зонското паркирање во Неготино ќе обезбеди околу 260 паркинг места. Со проектот се очекува да се намали проблемот со недостиг на паркинг места во централното градско подрачје. Самиот проект би опфатил обележување на паркинг местата, избор на соодветен систем за наплата и поставување на хоризонтална и вертикална сигнализација. Пред да се спроведе целокупниот проект, консултантските куќи ќе имаат рок до 16 мај за да ги достават понудите за изработка на физибилити студија. Документот ќе треба да се изработи за најмногу 45 дена по склучувањето на договорот со најповолниот понудувач.

 

По изработката на физибилити студијата, општинските власти од Неготино ќе одлучат кој модел на стопанисување ќе го изберат при воведување на зонското паркирање.