Претходна статија
Катастарот регистрирал 2.807 непродадени нови станови во периодот јули-септември 2016 година
Следна статија
ЕЛЕМ ја одложила реализацијата на ХЕ „Бошков мост“ поради Бернската конвенција

„Гранит“ ќе го реконструира магистралниот пат Гостивар – Кичево

Објавено на 18.01.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Започнува реконструкцијата на магистралниот пат Гостивар – Кичево. Јавното претпријатие за државни патишта ја избра фирмата „Гранит“ од Скопје за изведувач на градежните работи, кои треба да се завршат во рок од 40 месеци. Заедно со рехабилитацијата на коловозот во должина од 30 километри, со претстојниот зафат ќе се санираат и петте мостови од оваа делница на потегот од селото Здуње до селото Колари. За реализација на проектот со компанијата „Гранит“ се склучени два договора со вкупна вредност од над 387 милиони денари, односно околу 6,2 милиони евра.

 

 

Магистралниот пат Гостивар-Кичево е една од најфреквентните делници во земјава. Некои делови од патниот правец не се санирани веќе неколку децении, а најголем проблем за возачите во моментов претставува лошата состојба во која се наоѓаат мостовите. Паралелно со претстојната реконструкција на магистралниот пат, од Јавното претпријатие за државни патишта ја изработуваат и проектната документација за идниот автопат Гостивар-Кичево.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk