Претходна статија
Ревизорите открија хаос при изградбата на скулптуралната композиција на Мајка Тереза
Следна статија
„Скопје Ист Гејт“ претставен пред македонските политичари

Градската болница ќе добие нов објект на местото на Мајчин дом во Аеродром

Објавено на 01.06.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Министерот за здравство Венко Филипче денеска најави дека ќе се гради нова Градска болница во Скопје на местото на Мајчин дом во општина Аеродром. За оваа намена ќе се подигне кредит од Европската централна банка, којшто ќе биде доволен за реализација на целиот објект. Во него би се префрлила постојната Градска болница лоцирана спроти македонскиот парламент, која што во моментов работи во премал простор со површина од 5.000 метри квадратни. Со планираниот зафат ќе се руши постојната здравствена установа „Мајчин дом“ и на нејзино место би се изградил новиот здравствен објект.

 

 

Новата Градската болница во Скопје ќе се простира на бруто развиена површина од 18.640 метри квадратни. Објектот ќе има приземје и четири ката, со максимална висина од 18 метри. Маркичката за оваа градежна парцела со површина од 7.668 метри квадратни е вметната во ДУП за Градска четврт И 10, којшто беше усвоен од општина Аеродром во 2017 година.

 

 

»Форумска дискусија за овој проект