Претходна статија
Со владина помош се градат улици и канализација во Волково и Кисела Јабука
Следна статија
Ќе се гради монтажна паркинг гаража во центарот на Куманово

Гостивар со нов обид за воведување на зонско паркирање

Објавено на 24.08.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Откако пропадна првиот обид за пронаоѓање на приватен концесионер за стопанисување со зонското паркирање во градот, општина Гостивар денеска објави тендер за избор на компанија што ќе го имплементира и експлоатира паркинг системот за зонско и затворено паркирање за потребите на Ј.П. „Градски паркинг и зеленило“. Имплементацијата и експлоатацијата на зонското паркирање е за период од 12 месеци, при што проценетата вредност на набавката изнесува над 1,3 милиони денари. Најповолниот понудувач ќе има рок од 30 дена по потпишувањето на договорот за да го воведе системот за зонско паркирање.

 

 

Заинтересираните компании имаат рок до 4 септември за да ги достават понудите за учество во тендерската постапка. Главен критериум за избор на најповолен понудувач е доставената најниска цена. Општина Гостивар се одлучи да побара нов соработник за зонското паркирање откако во февруари годинава го укина претходниот договор за јавно-приватно партнерство што беше во функција од 2014 година. Зонското паркирање во Гостивар е предвидено да вклучи околу 650 паркинг места.