Претходна статија
Заврши изградбата на магистралниот гасовод Клечовце - Штип
Следна статија
ТЕМА: За пет години двојно зголемен бројот на станбени кредити

ФОТО ВЕСТ: Свети Климентовиот Универзитет доведен на ниво на карабина

Објавено на 30.07.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

До 2018 година треба да заврши изградбата на Свети Климентовиот Универзитет на локалитетот Плаошник во Охрид. Ангажираните градежни екипи во моментов ги имаат издигнато сите објекти од комплексот на ниво на карабина, со веќе комплетирана покривна конструкција. Периодов се работи на довршување на надворешните ѕидови на Богословскиот факултет, како и на преградувањето на внатрешните простории во останатите објекти. Комплексот со површина од 17.000 метри квадратни ќе чини околу 30 милиони евра, а за негова финализација досега се потрошени околу 12,3 милиони евра.

 

По целосното завршување на карабината на сите делови од Свети Климентовиот Универзитет, треба да започне втората фаза од реализацијата на проектот. Во следната етапа треба да се изведат фасадите, да се постави водовод, канализација, електрични и машински инсталации, по што ќе следува и внатрешното уредување на просториите, партерното уредување на околниот простор и поставувањето на споменик на Свети Климент. За втората фаза од овој проект треба допрва да се објави тендер за избор на изведувачи.

 

Проектот за возобновување на Свети Климентовиот Универзитет во Охрид ја опфаќа изградбата на Свети Климентовата библиотека, Музејот на Плаошник, Богословски факултет, Центар за хуманистички науки, конгресен центар, манастирски конак и резиденцијален објект на Македонската православна црква. Издигнувањето на комплексот започна во 2012 година, а градежните работи на терен во изминативе години ги реализираа фирмите „Митан пром“ од Охрид и „МЗТ инженеринг“ од Битола.

 

###

###

###

###

###

 

 

 

» Форумска дискусија за овој проект

 

 

Текст, фото: Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk