Претходна статија
Црквата „Св. Илија“ во Дојран готова до ноември, догодина ќе се гради наколна населба
Следна статија
За пола година превезени 808.888 патници од македонските аеродроми

ФОТО ВЕСТ: „Озон“ ја привршува Палатата на Зевс од „Скопје 2014“

Објавено на 06.08.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Нови изведувачи доби административната зграда на Електрани на Македонија спроти хотелот „Бристол“ во Скопје. Фирмата „Озон“ од Скопје веќе ги привршува градежно-занаетчиските работи за доградба на објектот, врз основа на проектот на „Радо Инженеринг“. Зданието однадвор веќе има оформен лик, кој го следи „класицистичкиот“ стил на проектот „Скопје 2014“. На фасадата се изведени мотиви од грчката митологија, вклучувајќи древни сцени што ја прикажуваат моќта на богот Зевс. На покривот од објектот, е поставена стилизирана порта со скулптури, на која централно место зазема самиот Зевс со гром во својата рака.

 

###

###

###

###

###

 

 

За изградба на објектот, вклучувајќи го севкупното редење на скулптурални фигури и мотиви по фасадата, досега се потрошија околу 17,4 милиони евра. Во наредниов период треба да се довршат внатрешните простории на објектот, кои се протегаат на површина од 9.130 метри квадратни. Оваа зграда од проектот „Скопје 2014“ се гради повеќе од три години на местото на некогашниот парк со дрвја кај Музејот на град Скопје. Архитектонскиот труд за зградата го изработија авторите Лазар Димов, Жарко Чаушевски и Стефан Смилевски.

 

Градежниот дел од издигнувањето на административното седиште го вршеше австриската фирма „Штрабаг АГ“, додека надзорот над работите го реализира Градежниот институт „Македонија“. Објектот во „класицистички“ стил би требало да биде комплетиран до претстојнава есен.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект

 

 

Текст, фото: Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk