Претходна статија
Ќе се руши товарниот склад на Старата железничка станица во Скопје
Следна статија
„Бауер БГ“ ќе реконструира 23 основни училишта низ земјава

ЕБОР ќе ја финансира изградбата на експресниот пат Штип – Кочани

Објавено на 10.11.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Македонија се задолжи со дополнителни 21 милиони евра кај Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за изградба на експресниот пат Штип – Кочани во должина од 28 километри. Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и првиот потпретседател на ЕБОР Фил Бенет денеска го потпишаа договорот за задолжување на нашата земја. Со проектот ќе се изведе нов експресен пат со четири коловозни ленти. Почетокот на градежните работи е предвиден за првиот квартал од наредната година. Целосната вредност на оваа патна врска изнесува 53 милиони евра.

 

 

 

Со обезбедените финансиски средства ќе се гради целосно нов експресен пат, наместо да се реконструира постоечкиот магистрален пат од Штип до Кочани. Градежниот институт „Македонија“ веќе работи на изработка на проектната документација, а по нејзиното завршување Јавното претпријатие за државни патишта ќе треба да го публикува тендерот за изградба на експресниот пат. За проектирање беа издвоени 23,6 милиони денари, односно 384.000 евра.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk