Претходна статија
Град Скопје започнува со реконструкција на неколку улици и булевари
Следна статија
12 градежни парцели на продажба во Штип

Два милиони евра за набавка на фотоволтаични системи за 35 општини

Објавено на 18.08.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Градинки, училишта, општински згради и други јавни објекти низ македонските општини, ќе можат да аплицираат за средства за набавка на фотоволтаични системи преку Проектот за подобрување на општински услуги на Министерството за финансии. Станува збор за грант од 2 милиони евра преку ИПА компонентата на ЕУ, кои се наменети за јавните објекти во 35 општини во четири региони со најнизок БДП по глава на жител. Како што информираат од Министерството за финансии, општините ќе треба да ги идентификуваат објектите кај кои е најкорисно да се инсталираат вакви системи.

 

 

Со набавката на фотоволтаичните системи ќе се намалат сметките за електрична енергија на јавните објекти, а истовремено ќе се зголеми процентот на искористеност на обновливите извори на енергија во земјава. На барање на македонската влада, ЕУ се согласи да издвои 15,5 милиони евра за развој на руралната инфраструктура. Вкупниот износ на програмата, вклучувајќи го и кофинансирањето од страна на Владата, изнесува 20,7 милиони евра.

 

Програмата ја имплементира Министерството за финансии, а истата е администрирана од Светска банка како посебен сегмент за ИПА рурални инвестиции во рамките на Проектот за подобрување на општинските услуги. Овие средства на општините им се доделуваат во форма на грантови и истите треба да придонесат за подобрување на инфраструктурата во руралните средини.