Претходна статија
Градот Скопје упорен за „барокизацијата“ на „Ибни Пајко“
Следна статија
Владата ќе потроши 650.000 евра на фитнес зони низ земјава

До крајот на годинава ќе бидат пуштени во употреба 14 километри од автопатот Кичево – Охрид

Објавено на 03.06.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, заедно со директорот на ЈП за државни патишта Александар Стојанов, извршија увид во изградбата на автопатот од Кичево до Охрид. Досега се пробиени над 80% од автопатската делница во должина од 57 километри. „Во моментов се работи на пробивање на тунелот кај Пресека кој е најголем во државата и е во должина од околу 2 километри“, изјави министерот Владо Мисајловски. Тој најави дека до крајот на 2016 година ќе бидат завршени 50% од градежните работи на автопатот и дека се планира отворање за сообраќај на делница од 14 километри. На проектот во моментов работат над 1.200 работници и 550 градежни машини.

 

 

 

Автопатот од Кичево до Охрид се гради речиси две и пол години. Главен изведувач е кинеската компанија „Синохидро Корпорација“. Проектот се финансира преку кредитно задолжување кај кинеската Ексим банка во висина од 374 милиони евра. На трасата на автопатот се наоѓаат 22 мостови вијадукти, 7 армирано – бетонски мостови, шест надпатници и 13 подпатници. Делницата го вклучува и тунелот „Пресека“ во должина од 1.990 метри.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект