Претходна статија
И Македонски железници - Инфраструктура сака да се смести во барок
Следна статија
Отворени Саемот за градежништво и Саемот за недвижности 2014

„Чакар Партнерс“ ќе го проектира пешачкиот мост на Матка

Објавено на 04.03.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градот Скопје го избра Друштвото за инженеринг и консалтинг „Чакар Партнерс“ од Скопје за изработка на проект за инфраструктура со варијанти на идејни решенија за пешачки мост преку езерото „Матка, со вклучена ревизија и изготвување на основен проект за инфраструктура на идниот објект. Друштвото има рок од три месеци за да ја изготви потребната документација, за што ќе добие 1.026.600 денари или околу 16 илјади евра.

 

 

 

Висечкиот пешачки мост треба да им овозможи пристап на посетителите на Матка до пештерите Врело, Крштела и Убава. Остварувањето на оваа идеја се одложува веќе неколку години од страна на градската управа поради сложеноста на теренот за градба и висината на финансиските средства која во минатото претставуваше главен проблем. Покрај идниот пешачки мост, за пристап до него е предвидена и патека во должина од четири километри.