Претходна статија
Отворен Меморијалниот музеј на илегалната работилница за изработка на оружје за време на НОВ
Следна статија
Струга ќе добие нов Генерален урбанистички план до 2020 година

Битола со изградена дистрибутивна мрежа ќе го пречека природниот гас

Објавено на 04.01.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Општинските власти од Битола во 2018 година ќе вложат 15 милиони денари за проектот за гасификација на градот. Со оваа ставка од општинскиот буџет ќе се гради дистрибутивната гасоводна мрежа низ Битола, со која би се намалило загадувањето на воздухот и би се обезбедила евтина опција за затоплување на домовите. Со обезбедените средства ќе започне планираниот инфраструктурен зафат, кој треба постепено да се реализира во текот на неколку години.

 

 

До средината на 2019 година до Битола ќе треба да стигне магистралната гасоводна линија со должина од 92 километри. Природниот гас ќе се транспортира преку гасоводот Неготино-Кавадарци-Прилеп-Битола, но општинските власти ќе треба самите да изработат проектна документација за секундарната гасоводна мрежа. Токму изведбата на дистрибутивната мрежа низ градовите ќе овозможи приклучување на природен гас за домаќинствата и стопанството. Општина Битола е една од првите локални самоуправи што одвојуваат позначајни финансии за еден ваков проект во 2018 година.