Претходна статија
Нова градинка отворена во Аеродром
Следна статија
Државата ќе субвенционира вградување на ПВЦ и алуминиумски прозорци

Атмосферската канализација годинава ќе пристигне во Шуто Оризари

Објавено на 24.01.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Во 2017 година ќе пристигне атмосферската канализација и во скопската општина Шуто Оризари. Градот Скопје планира да реализира ваков инфраструктурен проект, но само на главната сообраќајница во населбата. За таа цел потпишан е договор за изградба на атмосферската канализација на дел од улицата „Шуто Оризари“, за која беше распишан тендер кон средината на ноември 2016 година, а проектната документација беше изработена минатата година.

 

 

За изведувач е избрана скопската фирма „ЈУ-БАЈ 2 Амет“ од селото Бојане, . а градежните работи треба да се завршат во рок од шест месеци.  Новата атмосферска канализација е прв инфраструктурен проект од ваков вид на територијата на општина Шуто Оризари. Скопскиот градоначалник Коце Трајановски во своето денешно обраќање вети дека проектот ќе се реализира годинава.