Претходна статија
Делови од автопатот Кичево - Охрид ќе се отвораат порано од рокот
Следна статија
Општина Велес во подготовка на проектот за гасификација на градот

Архитектонски конкурси за идејни решенија за две градинки во Бутел

Објавено на 08.10.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Детската градинка „11 Октомври“ од скопската општина Бутел денеска ги распиша двата Конкурса за избор на идејно решение за изградба на нова детска градинка „Св. Климент Охридски“ во населбата Бутел и за доградба на детска градинка во населбата Бутел – 2. Архитектите имаат рок до 12 ноември за да ги достават изработените архитектонски трудови на распишаните конкурси. И на двата конкурса, при изборот на најсоодветните идејни решенија е предвидено да одлучува тричлена жири – комисија во состав: Розалија Ангеловска, Николина Нолевска и професорот Мартин Гулевски.

 

Во однос на првиот повик за доставување на конкурсни трудови, станува збор за нов објект на детска градинка што треба да се гради во дворот на училиштето „Св. Климент Охридски“, на улицата „Призренска“ во населбата Бутел. Идејниот архитектонски проект треба да содржи можност за изградба на базен во склоп на идниот објект, а вкупниот капацитет на градинката би овозможил сместување на 75 деца. Детската градинка би содржела занимална, санитарни простории, тераса, гардероба, заеднички простории за децата, просторија за изолација, просторија за медицинско лице, дистрибутивна кујна и простор за стручен кадар.

 

Со вториот Конкурс се трага по архитектонски труд за доградба на постојниот објект на градинката „11 Октомври“ во населбата Бутел 2. Дополнителните простории би овозможиле сместување на максимум 50 деца. Анексот на градинката треба севкупно да биде поврзан со постојниот објект. Идната доградба би содржела занимална, гардероба, санитарни простории, тераса, заеднички простории за деца, простории за стручен кадар, дистрибутивна кујна и магацин.