Претходна статија
Крива Паланка доби Градски музеј
Следна статија
ОСВРТ: Европски цени за становите во Скопје

Објавен тендерот за изградба на автопатот Демир Капија – Смоквица

Објавено на 30.08.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Двете предложени варијанти за автопатот Демир Капија - Смоквица: усвоена е трасата обележана со жолто, а отфрлената варијанта која го следи постојниот пат е обележана со црвеноПосле многугодишно одложување, конечно ќе се гради автопатот помеѓу Демир Капија и Смоквица, проект со кој Коридорот 10 во Македонија ќе добие автопатско решение по целата своја должина. Денес беше отворена постапка за избор на изведувач на градежните работи на оваа делница, а заинтересираните субјекти ќе можат да достават понуди најдоцна до 6 декември.

 

Трасата со должина од 28,2 километри ќе поминува по тежок терен, низ бројни насипи и засеци, два двоцевни тунели долги по над еден километар, шест мостови (од кои три ќе бидат конзолни мостови, а три ќе бидат со високи столбови и долги греди од пренапрегнат армиран бетон), две клучки, пет надвозници и седум подвозници. Рокот за завршување на проектот е четири години од денот започнување на градежните работи. Потоа изведувачот е обврзан на двегодишен гарантен рок за време на кој ќе мора да ги отстрани сите евентуални недостатоци и дефекти кои ќе се појават.

 

За да се квалификуваат за учество, заинтересираните треба да исполнат неколку финансиски и технички критериуми, додека изборот на најповолната понуда ќе се врши исклучиво врз база на цената. Се проценува дека проектот тежи помеѓу 200 и 250 милиони евра и во најголем процент ќе биде кредитиран од Европската инвестициска банка и од Европската банка за обнова и развој.

 

 

»Форумска дискусија за овој проект