Претходна статија
Започна изградбата на голем станбено - деловен комплекс во Штип
Следна статија
Пробиштип доби аква парк

Во Бунарџик влегува и фармацевтската индустрија

Објавено на 18.08.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Веднаш по денешното формално потпишување на договори за долготраен закуп на 2,5 хектари државно земјиште и за доделување на државна помош, во слободната економска зона Бунарџик беше поставен камен темелник за фабрика на компанијата „Продис“ ДОО. „Продис“ е дел од рускиот фармацевтски холдинг „Протек Груп“ кој има преку 12 илјади вработени.

 

Фабриката треба да стартува со производство во јули наредната година. Во нејзе ќе се произведуваат хомеопатски лекови, витамини и минерали, органски и неоргански производи од житарици и суво овошје, како и органски и неоргански чаеви. Станува збор за инвестиција со вредност од пет милиони евра која ќе се одвива во две фази. Во првата фаза, односно од наредната година, треба да профункционира производствен капацитет на површина од 4.000 метри квадратни. Во оваа фаза ќе бидат вработени 130 лица. Во втората фаза, до крајот на 2014 година, ќе следи проширување на фабриката со нови 3.500 метри квадратни, а бројот на вработени треба да достигна 300. Тогаш ќе се обезбеди целосно производство на хомеопатски лекови од суровина до финален производ.

 

###