Претходна статија
ОСВРТ: Меѓународните македонски возови патуваат кон 19-тиот век
Следна статија
Ќерамидница останува интересна за станбена изградба

Пехчево штеди енергија со нови улични светилки

Објавено на 10.08.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

По Штип, Пехчево е вториот град во Македонија кој комплетно ги замени старите улични светилки со нови, енергетски ефикасни. Проектот за модернизација, реконструкција и одржување на уличното осветлување е завршен, јавува општинскиот интернет – портал. Со реализацијата на проектот се испочитувани прописите на Европската унија, кои бараат целосна замена на старите улични светилки во градовите до 2012 година. Локалната самоуправа на Пехчево очекува заштеда на средства од општинскиот буџет за улично осветлување и до 60 проценти. Вкупната вредност за замената на уличното осветлување изнесува 36 милиони денари, а целокупниот проект е спроведен по пат на јавно – приватно партнерство помеѓу општина Пехчево и компанијата „Бис – инженеринг“. Претходно, во јуни годинава во Штип започна замената на старото улично осветлување со нови енергетски ефикасни светилки.

 

 

Бојан Блажевски