Претходна статија
Заврши реставрацијата на Мустафа-пашината џамија
Следна статија
Се урива комплексот „Космос“

Објавен тендерот за обнова на дел од пругата на Коридор 10

Објавено на 30.07.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Постоечката пруга со ограничување на брзината на возовитеМакедонски железници – Инфраструктура го објави тендерот за реконструкција на делниците Табановце – Карпош, Карпош – Куманово и Миравци – Смоквица кои се дел од пругата на Коридорот 10, а истиот е поставен на интернет страницата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Финансиските средства за поправка на овие делници се обезбедени од заемот на ЕБОР во износ од 17,6 милиони евра. Крајниот рок за доставување на понудите на тендерот е 26 септември 2011 година. Со тендерот е предвидено да се обноват околу 24 километри железничка пруга на Коридорот 10.

 

Заемот од ЕБОР на државава и беше доделен минатата година, а Собранието на Република Македонија го одобри на 15 септември 2010 година. Планирано е вкупно да се обноват 53 километри од македонскиот дел на железничкиот Коридор 10, а крајниот рок за завршување на реконструкцијата е 1 мај 2014 година. Заемот ќе се отплаќа во период од 15 години со 3 години грејс – период.

 

Во меѓувреме, интернет – порталот „Плусинфо“ денес објави дека ЕБОР размислува да и додели на Македонија кредит од 44 милиони евра за обнова и изградба на делницата од Куманово до село Бељаковце на Коридорот 8 во должина од 30,8 километри.  Оваа делница од Коридорот 8 во моментов е неупотреблива, иако пред почетокот на изградбата на пругата кон Бугарија на неа сообраќаше редовен железнички сообраќај.

 

 

Бојан Блажевски