Претходна статија
Кавадаречки ИГМ најавува изградба на железарница кај Дуброво
Следна статија
Ветерниците во Македонија ги одвеа ветерот

Реконструкција на улицата Козле

Објавено на 08.07.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Град Скопје денеска започна со реконструкција на улицата Козле, во општината Карпош. Улицата која е главна сообраќајна артерија за неколку населби, ќе се обновува на потегот од бензинската пумпа на „Макпетрол“ до последната станица на автобусот број 57, во должина од 1.301 метар.

 

Фотографијата е преземена од веб - порталот на Град СкопјеПокрај нов асфалт, предвидена е обнова на подлогата и рабниците, како и нивелирање на шахтите и сливниците. Исто така ќе биде поставена нова атмосферска канализација (Ф 500) со вкупна должина од 603 метри. Новиот коловоз ќе има ширина од седум метри, а ширината на тротоарите (кои ќе бидат поплочени со бехатон плочки) ќе варира помеѓу 80 сантиметри и 1,5 метар, во зависност од постојните објекти и потпорните ѕидови долж сообраќајницата. Реализацијата на овој проект чини 26 милиони денари, односно околу 420 илјади евра, средства обезбедени од градската каса. Градежните работи ги изведува „Пелагонија Гостивар“ и треба да финишираат за четири месеци.