Град Скопје денеска го отпочна проектот за проширување и реконструкција на булеварот Св. Климент Охридски на потегот од крстосницата со улицата Мито Хаџивасилев Јасмин до крстосницата со булеварот Илинден, во должина од речиси 1.000 метри. Сообраќајницата ќе добие по уште една коловозна лента во секоја насока, за сметка на постојното средишно зеленило. По проширувањето булеварот ќе има вкупно шест коловозни ленти широки по 3,5 метри, средишно зеленило (жардињера) широка пет метри и нови тротоари поплочени со бехатон плочки. Планирана е и реконструкција и на постојната атмосферска канализација.
За овој зафат Градот ќе одвои околу 29 милиони денари, односно нешто помалку од половина милион евра. На терен ќе работат екипи на градежната компанија „Гранит“, а рокот за изведба е пет месеци. Активностите ќе се одвиваат во фази и најпрвин ќе се работи на потегот од крстосницата со улицата Мито Хаџивасилев Јасмин до крстосницата со булеварот Партизански одреди. Во текот на работите ќе биде воведен привремен сообраќаен режим и ќе се постави соодветна сигнализација.
Форумска дискусија за овој проект » овде