Претходна статија
Се гради објект за скопската градска администрација
Следна статија
И во април помалку издадени градежни дозволи

Водно доби жичарница

Објавено на 04.06.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

После неколкудневно тестирање, новата жичарница од Средно Водно до Милениумскиот крст вчера беше свечено пуштена во употреба. Ова е прва фаза на проектот кој предвидува уште две секции и почетната станица да биде кај црквата Свети Јован во Капиштец. Трасата на оваа секција е долга 1.750 метри и се искачува од 570 до 1.068 метри надморска височина. Жичарницата од австрискиот производител „Допелмаер“ (Doppelmayr) располага со 28 кабини со носивост од 640 килограми и капацитет за осум лица, како и две ВИП кабини за по четири лица. Гондолите од надворешната страна се опремени со држачи за велосипеди.

 

Во проектот се вложени околу 6,7 милиони евра. Изградбата започна на 02.05.2010 и првично се најавуваше дека ќе заврши за 5 до 6 месеци, но работите на терен не се одвиваа континуирано. На 29.09.2010 скопјани беа очевидци на своевидна атракција, кога со хеликоптер AS 332C1 „Super Puma“ на швајцарската компанија Heliswiss, беа поставувани високите метални столбови долж трасата. Кон крајот на 2010 беше одлучено со жичарницата да стопанисува ЈСП „Скопје“.

 

Градските власти го уредуваат просторот околу базата на жичарницата. Поставена е урбана опрема и дрвени куќички во кои што ќе може да се купат освежителни пијалаци и сувенири. ЈСП „Скопје“ ангажираше 10 вработени, а потпиша договор и со Црвениот крст, чиви екипи ќе се грижат за безбедноста на посетителите. ЈСП со специјален автобус ќе обезбедува и јавен превоз на релација Транспортен центар – Комплекс банки – Југодрво – Градска болница – Плоштад – Рекорд – Клинички центар – Панорама – Средно Водно и обратно. Цената на возните билети е иста како за градските линии.

 

Возењето со жичарницата викендов ќе биде бесплатно. Од почетокот на работната недела па до крајот на јуни, билетот за возрасни промотивно ќе чини 50 денари, а после јуни цената ќе биде 100 денари. Пензионерите ќе можат да се возат бесплатно секој вторник и петок.

 

Форумска дискусија за овој проект » овде

 

###

###

###

###

###

###

###

###

###

###