Претходна статија
Дравас инженеринг гради бизнис центар во Прилеп
Следна статија
Скопска недела на архитектурата 2011

Камен темелник за катна гаража кај „Беко“

Објавено на 22.05.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Катна гаража БекоГрад Скопје денес стартуваше со изградба на најавената катна гаража во строгиот центар на Скопје, на просторот пред идниот објект на Министерството за финансии. Со овој проект ќе биде обезбеден паркинг простор за 605 возила и 120 велосипеди. Објектот висок 23 метри се гради на површина од 3.070 квадратни метри и ќе има две подземни и седум надземни нивоа. Сообраќајот во вертикален правец ќе се одвива преку спирална рампа сместена во кула. Приземјето и првиот кат ќе бидат со деловно – трговска намена. Проектот предвидува стаклена фасада со овозможена природна вентилација.

 

Вредноста на инвестицијата се проценува на околу 850 милиони денари, односно речиси 14 милиони евра. Градот Скопје за затворање на финансиската конструкција за овој објект и гаражата кај цветниот пазар зеде комерцијален кредит од НЛБ Тутунска Банка, во висина од 8,5 милиони евра и со рок на отплата од 10 години. Останатите финансии ќе бидат обезбедени од градскиот буџет, а дел од средствата Градот планира да ги поврати преку продажба на деловните простории.

 

Автор на проектот е Градежниот институт „Македонија“ (главен проектант Љубин Макаровски), а изведувач на градежните работи е градежната компанија Конструктор од Сплит. Рокот за изградба е две години.