Претходна статија
Отворен за сообраќај нов сегмент од булеварот Србија
Следна статија
Холанѓани сакаат да градат марина во Охрид

Голема трампа на деловни објекти во центарот на Скопје

Објавено на 14.04.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Објектот кој го гради Дивелоп Груп на Кејот 13 ноември Собранието на акционери на Македонски Телеком АД – Скопје на своето Годишно собрание кое се одржа денеска, ја усвои Одлуката за продажба на три и за купување на една нова административна зграда во строгиот центар на Скопје. Трите објекти му се продаваат на Дивелоп Груп за вкупен износ од 20,7 милиони евра (Нова дирекција „Јадран“, Стара дирекција и зградата „Алмако“). Новата административна зграда која телекомот ја купува од Дивелоп Груп е објектот во изградба на Кеј 13 ноември, на местото на старата Народна банка. Македонски Телеком треба да го добие објектот по принципот клуч на рака за износ од 37,3 милиони евра, односно да доплати 16,6 милиони евра. Средствата ќе бидат уплаќани на шест еднакви годишни рати, а првата исплата треба да се изврши по стекнувањето на сосопственост врз новата зграда.

 

Сепак, поради контроверзите кои произлегоа по најавата на ваквата трампа, Собранието одлучи дека влегувањето во било каква обврзувачка договорна рамка, може да настапи само после задоволително извршување на дополнителна длабинска анализа на зделката. На Одборот на директори на Друштвото му се дава ексклузивно овластување да одлучува за исходот после анализата.

 

Автор на објектот кој го гради Дивелоп Груп на Кејот 13 ноември е архитектот Јовица Стефановски од „Јасива“. Започна да се гради во октомври 2008 година и ќе располага со вкупна површина од 9.400 метри квадратни.

 

 

Форумска дискусија за објектот на Дивелоп Груп » овде