Претходна статија
Струмица се гасифицира
Следна статија
Опсежна реконструкција на скопските сообраќајници

Граничниот премин Богородица доби Урбанистички план

Објавено на 12.04.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Советот на општина Гевгелија неодамна го донесе Урбанистичкиот план за граничниот премин Богородица. Советниците го изгласаа планот за мултинаменски стопански комплекс на излезот од Гевгелија, во чија непосредна близина се наоѓа граничниот премин Богородица и Царинскиот терминал.

 

Земјиштето околу граничниот премин е едно од најатрактивните локации за изградба на целата територија на Македонија. Во иднина е предвидено да се урбанизираат 120 хектари од двете страни на автопатот Е75, од кое еден дел од земјиштето е во приватна, а еден дел во државна сопственост.

 

На локацијата е предвидено да се изградат туристичко – угостителски комплекси, шопинг центри, бензиски пумпи, терени за рекреација сообраќајници и други придружни објекти во близина на веќе изградените хотел – казино „Фламинго“ и хотелот „Рамада Плаза“ со казиното „Принцес“.

 

Државното земјиште на оваа атрактивна локација е предвидено да се продава, па така наскоро се очекува објавување на огласи од страна на Министерството за транспорт и врски. Интересот за градба на оваа локација е планирано да биде огромен, како од домашни, така и од странски субјекти. Како најзаинтересирани за изградба се очекува да бидат грчките стопанственици и угостители, а голем интерес за целиот комплекс е предвидено да пројават и грчките граѓани кои се најчести гости во веќе постоечките капацитети.

 

 

Бојан Блажевски