Претходна статија
ОСВРТ: ЈСП Скопје регионален лидер според староста на автобусите
Следна статија
Поефтина приватизација на изграденото градежно земјиште за фирмите

Штип се задолжи со 2 милиони евра

Објавено на 07.04.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Потпишан е договор помеѓу Градот Штип и Светската банка за кредит со кој ќе се реализира проект за уредување на централното градско подрачје. Кредитот во висина од 2 милиони евра во најголем дел ќе биде искористен за изградба на пет паркинг плтаформи над реката Отиња која го дели Штип на два дела. Освен тоа, ќе бидат обновени и мостовите, ќе се оформи нов плоштад, а коритото на Отиња ќе се уреди, при што ќе биде спуштено нивото на реката, ќе се изградат пешачки патеки и ќе биде поставена урбана опрема. Кредитот има 3-годишен грејс период и рок на отплата од 10 години. Ќе се враќа од наплатата на паркинг просторот и нема да го оптовари буџетот на Општината. Градоначалникот на Штип, Зоран Алексов, очекува градежните актвиности да започнат најрано во август, а најдоцна во септември. Доколку навреме завршат преземените обврски, градот ќе добие и дополнителен грант во висина од 20%.

 

 

Форумска дикусија за овој проект » овде