Претходна статија
Нов кандидат за хотелот кај Горица
Следна статија
Грчки инвеститор ќе ги гради Офицерскиот дом и хотелот на Плоштад Македонија

Реконструкција на улицата Мито Хаџивасилев Јасмин

Објавено на 11.03.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Денес започна темелна реконструкција на една од клучните сообраќаници во центарот на Скопје. Еднонасочната улица Мито Хаџивасилев Јасмин ќе биде целосно обновена во должина од 800 метри, на потегот од крстосницата со булеварот Кочо Рацин до крстосницата со булеварот Св. Климент Охридски. Освен нанесување на нов асфалт, планирано е санирање на оштетените делови на подлогата, нивелација на шахтите и сливниците, поставување на нови рабници како и реконструкција на автобуските постојки. Градежните работи се очекува да завршат за околу два месеци, а во меѓувреме улицата ќе остане отворена за сообраќај со воведување на специјален привремен режим. Градоначалникот Коце Трајановски ги замоли учесниците во сообраќајот да покажат разбирање и да се придржуваат кон сообраќајната сигнализација. Изведувач на работите е градежната компанија „Бауер БГ“, а средствата во висина од 16 милиони денари се обезбедени од буџетот на град Скопје.