Претходна статија
Свечено отворен новиот струмички плоштад
Следна статија
Владата го усвои Предлог законот за третман на дивоградбите

„Princess“ кај Гевгелија целосно е ставен во функција

Објавено на 13.12.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Кон крајот на минатиот месец беше отворен хотелскиот дел, а викендов со отворање на вратите на казиното, целосно профункционира хотел-казиното „Princess“ близу Гевгелија, објект во кој според инвеститорот се вложени 86 милиони евра. „Princess“ се наоѓа покрај автопатот М-1, на нецел километар од  граничниот премин Богородица кон Грција. Објектот се простира на вкупна површина од околу 30.000 метри квадратни, од кои 4.000 отпаѓаат на казиното. Хотелот има пет ѕвездички и располага со 128 луксузни соби, два „executive“ апартмани и еден „претседателски“ апартман. При најавата на проектот, првично беше соопштено дека бројот на собите ќе биде околу 200. Во казиното се сместени 631 разни апарати и 39 маси за игри на среќа. Изградбата започна уште во декември 2007 година, а изведувач беше „Гемма Груп“.


Форумска дискусија за овој проект » овде


Од внатрешноста:

###

###

###