Вечерва во Музејот на град Скопје, со почеток во 20 часот, градоначалникот Коце Трајановски свечено ќе ја отвори Манифестацијата „АСК – Архитектура Скопје 2010“. АСК е традиционална манифестација, која се одржува по повод 13 Ноември, денот на ослободувањето на градот. Овогодинешното издание е 12-то по ред.