Претходна статија
ОСВРТ: Прескап меѓуградски автобуски превоз во Македонија
Следна статија
Домашна фирма ќе гради хотел кај Горица

Напредува изградбата на жичарницата на Водно

Објавено на 03.11.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Завршени се работите на десетте линиски столбови од првата секција на жичарницата со должина од 1.645 метри, а полека се оформуваат и станиците на Средно Водно и кај Милениумскиот крст. Следува изградба на гаражната хала на Средно Водно, додека за почетокот на наредната година е предвидено да пристигнат и да се монтираат сајлата, кабините, електромашинската и останатата опрема. По завршување на изградбата на оваа делница, ќе следува поврзување на Средно Водно со планираната станица кај црквата Свети Јован во Капиштец.


МапаСе работи за еднојажна кабинска жичарница со кружен тек и три сегменти. Сегментите ќе претставуваат функционална и техничка целина, но ќе можат да функционираат и како посебни објекти. Покрај станиците во Капиштец, на Средно Водно и кај Милениумскиот крст, предвидена е и алтернативна станица кај Институтот за белодробни заболувања кај деца „Козле“, која нема да се користи за влез и излез при редовна работа и ќе функционира повремено и наменски. Вкупната должина на трасата на жичарницата е 3.450 метри, додека висинската разлика изнесува 814 метри. Столбовите се со варијаблина висина во зависност од релјефот, а ќе ги има вкупно 23. Превозот ќе се врши со вкупно 62 кабини, од кои 28 на сегментот што моментално се гради. Тие ќе собираат по 8 патници (ВИП кабините по 4 патници) и ќе се движат со брзина од 6 метри во секунда. Капацитетот на системот изнесува 1.200 патници на час, а за патување од Капиштец до врвот на Водно ќе бидат потребни нешто повеќе од 10 минути.


Проектот го изработи и опремата ја испорачува реномираната австриска компанија „Допелмаер“ (Doppelmayr). Студијата за оценка на влијанието врз животната средина ја изготви тим на „Технолаб“ под раководство на М-р Магдалена Трајковска Трпевска. Градежните работи започнаа на 2 мај годинава, а изведувач е австриски „Штрабаг“ (Strabag). За потребите на првиот сегмент на жичарницата, расчистена беше траса со ширина од 18 метри и исечена беше шума со површина од 12.000 метри квадратни. На 29 септември со хеликоптер AS 332C1 „Super Puma“ на швајцарската компанија Heliswiss, во рок од неколку часа беа поставени столбовите врз своите фундаменти. Кабините ќе се поставуваат со помош на дигалки. Првично се најавуваше дека првиот сегмент на жичарницата ќе биде завршен за 5 до 6 месеци, а целиот проект за 15 месеци. Вкупната инвестиција е тешка 407.800.000 денари односно околу 6,7 милиони евра.


Поставување на столбовите - Поставување на столбовите - Благодарност за фотографијата до СТЕФАН ЃОРЃИЕВПоставување на столбовите - Благодарност за фотографијата до СТЕФАН ЃОРЃИЕВПоставување на столбовите - Благодарност за фотографијата до СТЕФАН ЃОРЃИЕВ Станицата на Средно ВодноСтаницата на Средно Водно# ###



Форумска дискусија за овој проект » овде