Претходна статија
Геодетите со полни раце работа до крајот на годинава
Следна статија
ЕУ со истрага за македонските субвенции за евтини летови

„Рајска градина“ во „барокен“ стил вреден милиони евра

Објавено на 01.06.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

„Призма“ денеска го објави идејното решение за проектот „Рајска градина“ што е предвидено да се гради во скопската општина Аеродром. Реплика на Венера Милоска, антички ликови, лавови и грифони ќе се распостелат на површина од 15 хектари, на локација веднаш до Куќата на фудбалот на ФФМ. Во идејниот проект е наведено дека паркот ќе има декоративни елементи во стилот на неокласицизам, павилјон, летниковец, статуи и скулптури со фонтани. Проектот е изработен од бирото „Архитектоника“ од Скопје, а зад идејното решение се потпишани Жарко Чаушевски, Филип Богатинов и Македонка Чаушевска.

 

Со проектот „Рајска градина“ е зацртано во населбата Ново Лисиче да се изведат четири типа фонтани. Највисоката, со висина од 13 метри е замислена како обелиск со женска фигура на врвот, а другите три се пониски, со скулптура во центарот и околу самата фонтана. За раскошните решенија од паркот е предвидено да се издвојат 15 милиони евра, без вкалкулиран ДДВ. И додека во медиумите се откриваат детали во врска со најавената „Рајска градина“, Електрани на Македонија ги очекува градежните фирми да достават понуди за изведба на проектот. За паркот е отворен тендер за избор на изведувач до 23 јуни.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект

 

 

Мултифункционален објект во паркот:

 

 

Реплика на Милоската Венера и други статуи:

 

 

Фонтани:

 

 

Саат чешма, летниковец, павилјон и песочник:

 

 

Детали од фасадата на предвидениот национален ресторан во паркот: